Проектите на Сахара груп во Македонија одат според планираното

Bez autora
Oct 29 2013

Договорените проектите на индиската Сахара груп во Република Македонија се одвиваат според планираното и тоа тоа е она што го следиме, а се друго е прашање на институциите на Индија. Ова во вторникот го изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески одговарајќи на новинарско прашање да ги коментира написите во индиските медиуми дека судот му наложил на бизнисменот Субрата Рој да ги доставел имотните листови за имоти во вредност од околу четири милијарди долари и дали тоа може да ги загрози неговите инвестициски активности во Македонија. За нас е најважно што се оди според планираното во делот на реализација на проектите што Сахара груп ги има во Република Македонија, во делот на Џумајлија, каде што имаат купено земјиште и каде што веќе се одвиваат одредени инвестициски и други активности рече Ставрески, додавајќи дека има стриктни рокови до кога треба да се заврши.

Проектите на Сахара груп во Македонија одат според планиранотоДоговорените проектите на индиската Сахара груп во Република Македонија се одвиваат според планираното и тоа тоа е она што го следиме, а се друго е прашање на институциите на Индија.

Ова во вторникот го изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески одговарајќи на новинарско прашање да ги коментира написите во индиските медиуми дека судот му наложил на бизнисменот Субрата Рој да ги доставел имотните листови за имоти во вредност од околу четири милијарди долари и дали тоа може да ги загрози неговите инвестициски активности во Македонија.

За нас е најважно што се оди според планираното во делот на реализација на проектите што Сахара груп ги има во Република Македонија, во делот на Џумајлија, каде што имаат купено земјиште и каде што веќе се одвиваат одредени инвестициски и други активности рече Ставрески, додавајќи дека има стриктни рокови до кога треба да се заврши.

Се оди според планираното и тоа е она што го следиме, се друго е прашање на Индија, институциите на системот во Индија на Сахара како компанија и тоа ќе го решаваат во рамки на нивниот правен систем,  изјави вицепремиерот Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik